Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Браво за РКЕ и Бислимовски не потклекнаа под уцените на малопродажбата на горива, реално за сите

Регулаторната комисија за енергетика  ја усвои новата методологија за пресметка на цените на горивата која стапува во сила денеска. Од наредната седмица, секој понеделник РКЕ повторно ќе одлучува за цените на бензините. Првиот човек на комисијата уверува дека со новата методологија, цените се намалуваат за 1 до 2 денари по литар, споредено со старата пресметка.

РКЕ им излезе во пресрет на сите имено  Регулаторна реши да ја зголеми малопродажната маржа од сегашната 3.2 на 4.6 денари по литар, но трговците сакаа преку леб погача со цени над 6 денари кои се нереални, Маржата за продажба на големо ќе изнесува 1.2 денари, а од транспорт во земјава 0.75 денари по литар бензин. Од регулаторна велат, трговците ќе имаат профити, но во реални граници.

Освен од заработката на трговците, цените на бензините ќе зависат од цената на суровата нафта на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот. Два понеделници по ред, бензинските пумпи самите пресметуваа цени на горивата, бидејќи новата методологија не беше стапена во сила. Од регулаторна се задоволни, бидејќи трговците не претерале со поскапувањата, а многумина се откажале од дел од сопствените маржи.

Да резимираме: За Регулаторна не е прифатливо барањето транспотниот трошок да биде 0,8 денари, ниту маржата да е над 6 денари, какви што беа барањата на компаниите.Новата методологија стапува на сила во понеделник и цените ќе се формираат секој прв ден во неделата. Додека не ја потпиша, новиот претседател Стево Пендаровски, компаниите сами ги одредуваа цените битното е дека контрола е воспоставена ценовни шокови нема да има, а и нема никој неосновано да се богати РКЕ одигра фер спрема сите и опаски по портали блиски на некои моќници од овој сектор се нон сенс, браво за Марко!

loading...