Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...

Боки 13 на гледачите на 1 тв им доделува стан во центарот на Скопје и три автомобили

loading...

Интервју со Бојан Јовановски: 1ТВ во иднина ќе се трка со самата себе, конкуренцијата ќе остане зад нас

ПО БАРАЊЕ НА ИВОР МИЦКОВСКИ РЕПРИЗА ОД ИНТЕРВЈУТО

Интервју со Бојан Јовановски: 1ТВ во иднина ќе се трка со самата себе, конкуренцијата ќе остане зад нас

Бизнисмен, општествено влијателен човек, филантроп и борец за правата на дискриминираните, Бојан Јовановски патот кон успехот го почнува како ексцентричен шоумен, дискриминиран поради начинот на кој се појавува во јавноста. Сопственикот на 1ТВ и БМЈ Медиа Груп вели дека гордо го носи прекарот Боки 13, бидејќи „да не беше тој патот, немаше да биде ни ова денес“.

-Кога се претставувам на телефон како Бојан Јовановски некому не му текнува, но сите го познаваат Боки 13 и затоа горд сум на тоа име. Асоцијација е за женска облека, руса коса и штикли и концерти, но да не беше тој патот, немаше да биде ни ова денес, вака ја почнува својата приказна Бојан Јовановски.

Одлучил да биде различен, свесен за реакциите и надвор и дома. Бил интересен поради тоа што имитирал популарни пејачки, а носел и женска гардероба и иако не знаел да изусти ни тон, пеел, што кажува многу за македонската естрада. По големата популарност и во балкански рамки, во 2012 решава дека му е доста, дека веќе не го интересираат пејачи, пејачки и скандали, но и дека го смета за доблест и добра одлика тоа што признал дека откажал концерт поради непродадени билети. За овој турбулентен период вели дека бил тежок за неговото семејство, особено за татко му.

-Веројатно не е едноставно да го гледаш сопствениот син единец којшто сите го плукаат, зборуваат за него негативно, тој оди со штикли и женска гардероба, мува не го лази, ти не можеш да најдеш заеднички јазик. Од мајка ми сум имал тивка и безрезервна поддршка. Миле мислам дека беше мој најголем фан. Колку и да не му одговараше, нема пропуштено ниедна моја авторска емисија ниту концерт, со некаква грутка се радувал на сите мои успеси, вели Јовановски.

Во 2012 се простува во јавноста и сфаќа дека го интересираат човековите права, бидејќи самиот бил цел на дискриминација.

-Сега сум тој што се борел за тоа, се изборил за тоа и гордо стои на таа позиција. Жртви не сум сакал никогаш, не сакав да се претставувам така, изјави Јовановски.

Патот преку Хрватска го води до конкурс за проект на ЕУ за човекови права, повторно како табула раса за процедурите, но со лично искуство и став. Зад себе има победа на конкурс за документарно-игран филм за човекови права, повторно затоа што решил да биде различен и да заврши со прашањето – дали ќе ја пиете кока-кола ако знаете дека е направена од хомосексуалец?

Во јавноста се враќа како човек во костум, општествено важна личност и претседател на Меѓународен сојуз.

-Запознав вистински луѓе во вистинско време, кои препознаа вистински човек за соработка со нив. Така тргна една поинаква страница од мојот живот. Најблиска соработка остварив со Божо Мандиќ од Хрватска. Така почнаа да се редат работите, моите активности поврзани со човековите права, членување во разни организации за човекова и социјална заштита, вели Јовановски и додава дека денес е горд што станал и официјален член и претседател на Контролно стратешко тело за правосуден медиумски систем на ЕУ.

Јавноста се потсети на Бојан Јовановски преку пред сѐ негови лични хумани гестови кон луѓе во тешки ситуации. Помагал од срце, а не заради публицитет, напротив, често и без да знае никој.

-Меѓународен сојуз има изработено многу сериозни проекти, им има помогнато на многу луѓе. Во тек е имплементирање на повеќе проекти како Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис заедно со Силјан Мицевски. Имаме повеќе активности. Сѐ што работи Меѓународен сојуз е транспарентно, како претседател се трудев од првиот момент да бидам транспарентен, коректен, се наоѓаме во склоп на британската и француската амбасада со просториите, така што работиме исклучиво по статут според европска регулатива, изјави Јовановски.

Враќајќи се во голем стил, многумина се прашуваат за парите со кои го прави тоа што го прави, изнесуваат свои теории, но тој одговара транспарентно.

-За жал, нашиот ментален склоп е научен дека човек може да заработи пари само со криминал и на никаков поинаков начин. Пред целата јавност, на овој голем христијански празник, можам да соопштам дека на многу чесен, трудољубив и мудар начин сум го заработил секој денар во животот, почнувајќи качен на потпетици од 10-тина сантиметри и тогашните 150 килограми, со рбет што боли и денес. За својот успех сум си благодарен сам на себе, објаснува Јовановски. Тој додава дека се измислица приказните за врски со масоните и во Македонија и во светот и дека според него само збирштина луѓе глуми престиж, додека вистинските масони не зборуваат за себе.

За отворањето на 1ТВ во 2018, планирана со скромни почетоци, но со брз напредок и пробив на македонскиот медиумски пазар, вели дека бил испровоциран од една болка.

-Мојата животна желба беше телевизија. Сум работел во многу телевизии, се сметам за телевизиско дете. Сфатив дека газдите немаат врска што е телевизија, дека можам да покажам што е тоа и да ја изберам вистинската екипа, вели Јовановски.

Според него, во Македонија единствениот што знаел што е телевизија бил Велија Рамковски, додека другите газди ги прават телевизиите за да бидат блиски до политичарите и за да си ги тераат бизнисите.

-Мора да постојат црвени линии – тоа го има и на логото на 1ТВ кое јас го осмислив. Овде сум од сабајле во вечер, сум го смислил секое делче од сценографијата, горд сум на тоа што 1ТВ со програмата ги претрка турските серии на другите телевизии, раскажува Бојан Јовановски.

Како што вели, не му паѓа на памет да се вмеша во политиката, туку размислува за здрава конкуренција во етерот, со запалени рефлектори и на креативен начин, а не со труење на луѓето со турски серии. Како што вели, за време на оваа Влада не се чувствува цензура врз медиумите и 1ТВ е критична и кон актуелната власт и кон опозицијата.

-Иако Заев е коректен политичар и човек, сепак има и „министерчиња“ што замолиле нешто да оди и да не оди. Не дека нема притисоци за „Македонски инсајдер“ којшто го најавуваме. Најавуваме програма што ќе биде брутално добра. Можат да ми се качат на глава, но ветувањето до гледачите е дека притисоци не ме плашат, изјави Бојан Јовановски и открива за гледачите дека тимот на 1ТВ е договорен дека ќе ги брани боите и политиката на телевизијата.

Бојан Јовановски најавува дека 1ТВ ја чека сериозна борба, но не од сериозна и квалитетна, туку од нечесна конкуренција, но ќе дојде момент кога конкуренцијата ќе остане многу чекори назад, а 1ТВ ќе се натпреварува сама со себе.

loading...