Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :

Богоевски сам се пријави во полиција за масло од канабис: Ако треба нека ми направат тестирање, требааа

Попладнево, пратеникот Павле Богоевски излезе од полициската станица Центар, се пријави самиот себеси но и непознат сторител, објави телевизија Телма. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин. Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памти.

Објавената снимка ја коментираа и од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека многу лесно може да се провери дали пратеникот од власта употербувал дрога.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање. Според него постот на ВК и разговорот е снимен пред неколку месеци, но се пушта сега кога тој како претседател на комисијата за мандатно имунитетни прашања треба да закаже расправа за одземање на мандатот на Никола Груевски, поради 6-месечното отсуство по бегството од Македонија.

loading...