Според извори од МВР, жител на  улицата „Орце Николов“ на 6 овој месец влегол во дворот на игротеката „Колорес“ и на висок тон почнал да вика кој паркирал пред неговата гаража и да ги навредува гостите во игротеката.

По ова, две лица, од кои едниот вработен во шестата управа и лично обезбедување на вицепремиерот Анѓушев, кои биле гости во игротеката, со насилно туркање го изнеле надвор дворот.

Обезбедувачот на Анѓушев заработил прекршочна пријава, а иста таква добил и револтираниот граѓанин кому му паркирале возило пред гаражата.