Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

БИВОЛОТ ОД РАНКОВЦЕ КРАДЕ ВОДА ОД СВОИТЕ СОСЕЛАНИ, БРУКА БЕ ВОЛЕ ЕДЕН!

Почитувани,
Актуелното градоначалниче Ивица Тошевски повторно е фатен во кражба. Додека околни села во Ранковце се соочуваат со недостиг на пивка вода поради немаштија или поради тоа што се со спротивно мислење од она на горенаведениот, тој дрско и на најгруб начин краде вода со што го оштетува буџетот на „ЈКП Чист Ден“, и нанесува директна штета врз угледот на општината.
Градоначалничето, искористувајќи ја својата положба и овластување, неовластено се прикачил на водоводна мрежа со која стопанисува ЈКП, без претходно да поднесе барање, уплати и добие согласност, а притоа да створи услови за прикачување без никакво знаење на претпријатието, самоволно и неовластено се приклучил на крак од водоводната мрежа.
Ако неговата плата, која од прилика изнесува околу илјада евра е недоволна за да ги покрие трошоците за легален приклучок на пивка вода, што тогаш да кажеме за оние кои се на работ на егзистенцијата, а се трудат да бидат редовни и навремено да ги плаќаат своите давачки кон „ЈКП Чист Ден“? За потсетување, нивата која користи вода од дивиот приклучок се наоѓа на местото викано „Локма“, непосредно до магистралниот пат.
Ја користам оваа прилика да ја повикам директорката на „ЈКП Чист Ден“ Александра Стамболиска, да ги превземе сите дејствија и да и соопшти на јавноста за овој скандал!

Фотографија на Даниел Павловски.

Фотографија на Даниел Павловски.

Фотографија на Даниел Павловски.

Фотографија на Даниел Павловски.

 

loading...