Македонија

БЕСА И СДСМ СЕ ДОГОВОРИЈА: Двојазичност и етничка графа во личните карти

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 05:26 (+02:00)

Од моментот на растурање на тројната коалиција меѓу АА, Алтернатива и Движење Беса, Беса изрази подготвеност за коалиција со СДСМ, додека владејачката партија порача дека се отворени за коалицирање со сите, освен за ВМРО-ДПМНЕ.

Синоќа на прославата по повод 12 годишнината од независноста на Косово, лидерот на Движење Беса, Биљал Касами, заедно со Аријанит Хоџа, Кастриот Реџепи и Мухамед Зекири од СДСМ, речиси цело време насмеани беа заедно.

На прашање од ТВ21 дали насмевките се поради можната коалиција и евентуален договор, Мухамед Зекири одговори:

„Ние сме претставници на политички партии и на разни настани секако сме заедно, се поздравуваме и разговараме и тоа што сме стоеле заедно не значи дека може да се случи коалиција или не. Вие може да ме видите во друштво и со претставници од други политички партии“, истакна Мухамед Зекири.

И Аријанит Хоџа од Движење Беса вели дека насмевките се пријателски, не политички и дека со Зекири е пријател надвор од политичките круговои. Од друга страна, Зекири вели дека рано е за коалиција, прво треба да се донесат законите во собранието.

„Мислиме прво да ги завршиме процесите во Собрание, важните закони што треба да ги усвоиме и да се распушти собранието а потоа ќе се фокусираме на можните предизборни коалиции. Има се уште време, последниот рок за доставување а листите за пратеници е ако не грешам, 17 март“, додава Зекири.

Но, СДСМ и БЕСА постигнале договор. Не за коалиција, туку за документите. Неофицијално се дознава дека е постигнат договор за вметнување етничка графа во личните карти. Ова барање на Беса е од времето на уставните промени. Се вели дека за ова во Собрание е доставен предлог закон во замена за два гласа ЗА за законот за ЈО.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker