Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

БЕСА го аминуваше дневниот ред за уставните амандмани, но Касами и понатаму условува

loading...

Пратениците на движењето БЕСА му дадоа зелено светло вчера на дневниот ред во Собранието за уставните амандмани. Сите пет пратениците на БЕСА гласале за утврдување на дневниот ред, кој беше донесен со вкупно 78 гласа „за“. Со ова почна расправата за уставните измени, а со тоа стартуваше и последната трета фаза.

Двајцата пратеници од владејачкото мнозинство кои не гласале за утврдување на дневниот ред се Амди Бајрам и Лилјана Поповска. Сепак ова е најверојатно од технички причини бидејќи овие пратеници веќе му дадоа поддршка на процесот.

Владејачкото мнозинство смета на гласовите на БЕСА за да се донесат уставните измени. Со БЕСА власта ќе има двотретинско мнозинство, а може и еден пратеник повеќе од 80. Сепак Биљал Касами, лидерот на едно од двете крила во БЕСА, се уште го условува прцесот. Во интервју за ТВ21, тој синоќа изјави дека неговите пратеници нема да гласаат за уставните измени доколку не се исполнат нивните барања. Касами бара во пасошите на Албанците во графата државјанство да не стои „македонско“.

По експозето на премиерот, Зоран Заев, на вчерашната седница собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата и го закажа нејзиното продолжение за денеска.

loading...