Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Беџети: Заев ми бараше да влијаам во Судски совет, па ми ја пушти Антикорупциска

Премиерот Заев телефонски бараше од мене да влијаам врз членови на Судскиот совет за разрешување на претседател на еден суд во државата. Откако го одбив, Државната комисија за спречување на корупцијата отвори постапка за дивите платформи на Матка. Овие обвинувања ги упати градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, денеска на прес конференција, објави Сител.

Тој ја смета постапката на антикоруоционерите како директен притисок врз неговата работа.

Беџети рече дека имал и предлог од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов да биде урната само една од дивите платформи, а останатите две да продолжат да се градат.
Беџети најави дека ќе поднесе кривични пријави против членовите на Антикорупциска за злоупотреба на службената положба и овластување.

loading...