Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Баба и дедо го испекле внукот во фурна

Викторија Сагалаков (20) синот Максим го оставила на своите родители на чување во Какасија, Русија.

Полицијата изјавила дека дедото (47) го ставил бебето во рерната откако се напил. Член на семеството го открил спаленото тело на детето и повикал полиција. Тогаш ги уапсиле дедото и бабата (42) поради убиство.

Кога Викторија се вратила дома, затечената жена ги пронашла остатоците на јагленисаното дете во печката на семејната куќа во селото Карој.

„Дедото и бабата биле пијани и го убиле бебето“, се наведува во изјавата на регионалниот истражен одбор задолжен за испитување на сериозен криминал.

Точната причина за смртта е под форензичка истрага, но се препоставува дека детето умрело од спалување.

Еден сосед рекол дека дедото бил надвор и се напил со вотка. Кога се вратил, детето го фрлил во печката на дрва. На бабата и дедото им се заканува затворкса казна.

Мајката Викторија Сагалкова (20) оставила емотивна порака на социјалните медиуми.

„Почивај во мир, сакан мој. Мој драг сине. Мојата болка не се смалува ни за минута“.

Сосетка и роднина вели дека бабата и дедото често се грижеле за внукот кога мајката била отсутна, и дека добро го чувале.

 

loading...