Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Апасиев: Вмровците бар можевме да ги пратиме – овие не фаќаат на кондиција, па крадат ко да ќе нема утре

Професорот Димитар Апасиев од „Левица“ денес повторно на својот „Фејсбук“ профил ја критикуваше актуелната власт предводена од СДСМ. На свој начин малку се пошегува и ги спореди со претходната гарнитура, онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

Дечки, не може бе иста рецептура за различни болештини… Не’ фаќаат на кондиција. Вмровците бар можевме да ги пратиме у скандалите. Комуњариве се осоколија, па крадат ко да ќе нема утре. Треба да смениме стратегија. Не бива више со сите учтиво!

Наравоуение: Со сељаците – СЕЉАЧКИ. Со интелектуалците – ИНТЕЛЕКТУАЛНО.

Димитар Апасиев е доктор на правни науки. Тој е долгогодишен активист на Движењето за социјална правда „Ленка“. Работи како доцент на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за граѓанско право. Предава Римско право, Судскa реторика и Философија на правото.

loading...