Search
сабота 22 февруари 2020
  • :
  • :

АПАСИЕВ: ДЕЛОТО НА ЈАНКУЛОСКА ЌЕ ЗАСТАРИ КОГА ДЕТЕТО ЌЕ И ПРАВИ МАТУРА, ПРАВОСУДСТВОТО Е ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

Обвинителството на Русковска е дефакто специјално. Природен след е обвинителите на СЈО да отидат таму. Фамата е во активните процеси кои се водат каде виси легитимацијата на тужител и тие процеси може да паднат по префрлувањето на предметите, изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

-Тоа им одговара на двете партии никој да не отиде во затвор. Јанкулоска нема да отиде во затвор, на матурската на бебето ќе застари нејзиниот случај. Ова е еден театар, главните ликови ги нема, Груевски избега, Мијалков е со нив, ова е еден театар за деца и младинци, вели Апасиев.

Универзитетскиот професор вели дека сите предмети на СЈО ќе паднат во Стразбур токму поради лошото извршување на операцијата кога се префрлуваа предметите од СЈО во ЈО.

-Во однос на трансферот на предмети има направено пречки. Тоа беше направена кога Јанева беше уапсена па од затворот овласти преместување на процесите, тоа е спротивно на законот. Не може СЈО да ги шитка предметите. Во тие односи има низа прекршувања, ние како држава ќе ги изгубиме тие процеси во Стразбур и ќе треба да им ги платиме адвокатите на обвинетите бидејќи несмасно е извршен тој процес, вели Апасиев.

Апасиев вели дека во обвинителството се потребни итни радикални мерки, а не ова што се прави сега. Според него законот за ЈО е замачкување на работите, и со него нема да има суштински промени.

-Проблемите во ЈО се персонални, има многу мито и корупција таму. Впрочем затоа и се создаде СЈО. Не верувавме во редовното обвинителство. Таму треба да се направат чистки, да се направи проверка на потекло на имот на обвинителите. Целиот правен систем, мора да има радикални мерки и зафати, се друго нема да функционира, ова е замајување на јавноста со цел крупните риби да куртулат од затвор, вели Апасиев.

loading...