Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

Aнтоновски: Не бива таа работа!

Dragan Antonovski

пред 52 мин.

Фб статусот е на директорот на државната агенција МИА

Не бива таа работа!
Помина оваа прва година по револуцијата, шарена-каква таква, и сега е моментот на прекршување на промената на власта. Тоа што и натаму владеат старите ешалони и не се направи смена е едно, и после сè, мора Заев и неговите да останат цврсти до крај да расчистат што сакаат да менуваат. Заев мора да удри на маса дека нема пазарења со партиските војски, со лидерството, со кандидатури, со реформите, со новопечените лојалисти, па урбаното или селското крило и вечните профитери од СДСМ. Мора да се влезе во НАТО, тој пазар ќе се анализира од дистанца, а другите генерации ќе кажат. Ние сега тоа го живееме и сме во него и сите сме субјективни. Ама друго е тоа. За реформите и власта треба да кажеме.
Нели за тоа секојдневно со години бевме без работа и на улица.
Многумина се фатија да реформираат, да менуваат, да ги бараат криминалите и недоследностите, и уште заглавени во процедурите и дописите, се понудија старите искусни и бивши да освестуваат како треба, во стилот „слушај ме што ти зборам, не ме гледај што правам и што сум правел“. Така започнуваат реформите и сè повеќе се покажува дека, тие таквите, кои се и најгласни, главно ја сакале и практикувале шемата сјаши мурто – курто. А просто е, треба да се работи и да се покажат резултати. Така може да се види кој колку тежи и за една година, а не да се раскажуваат гачки, и да се чека да заврши цел мандат. Дали некому му одговара тоа е друга работа, ама дали некого го бива, за жал, се гледа.Така мора да се мери и да се менуваат , билдаат вредностите.
И сега во таа насока за реформирање мислите дека битно е кој на која партија е, кој од кој партиски табор е или кој колку знае и може да сработи? Кој си ги исполнува обврските, кој работи или кој сака да владее и да раскажува дека тие се од другата партија и треба да „им тече низ ногавици“, ние ќе ги ***беме, ние сега нема да работиме, ќе владееме, а они сега „низ ногавици“!?
Среќа е што сите не мислат така, а ако е тоа реформата – фала не!
Многу работи се пакуваат, реално ова е моментот на прекршување. Прво треба да се расчисити со старите, демек проверени кадри, не колку се стари туку колку се проверени, дека научиле нешто од падот на СДСМ и знаат да понудат нешто ново.
Не е решение да се начукани по надзорни и управни одбори, и само да пекаат да бидат пак директори и функциоинери, макар и пензионери, туку да се види дали ги кочат или ги тераат реформските процеси и политики на институциите. А зошто се тие таму?
Зарем во тој пакет не треба да се поставаат тие кои сакаат да реформираат поради системот и иднината на државата? Ни требаат ли тие кадри кои се за привилегии, партиски војници кои треба да буткаат свои агенди, вработуваат стари пријателки и пријатели и главното прашање да е колкав ќе им биде хонорарот и ќе се слави ли во кафана за успехот другите што го постигнале.
Тие ,новите ни функционери, кои се нафатиле треба да им се даде до знаење дека старите шеми на тендери, кредити, плаќање хонорари на фиктивни хонорарци, па враќање на хонорарите преку истите, дневници и дописници во странство, консултантски услуги, кредити, грантови и провизии, штетни договори и исплати потоа на штети, не поминуваат.
Тоа не е реформа, затоа дојде на власт ВМРО ДПМНЕ. А, и затоа падна.
Не може со тој стил да се покрива ни шарена, ни опозициска, ни патриотска или новинарска анализа во име на јавноста.
Треба сосема друга битка, а тоа е расчистување со сите криминали, без разлика дали се на другата партија, дали се на власта или опозицијата. Со сите.
Така можеби ќе тргнеме напред, вака неработниците и партиските профитери ќе се местат и менуваат облекувајќи маица на ВМРО или СДСМ, само ќе си цицаат де од едните, де од другите, или од сите, ќе ти раскажуваат државното не е приватно – ти следува, ќе глумат жртви, ќе раскажуваат дека зборуваат само вистина, само за да бидат присутни во јавноста и да си го наплаќаат тоа како позиција ваму или таму, “независни“ во име на јавноста.
Кој знае што би било и што би биле ако јавноста знаеше сè.
Мора да се смениме – не само да ја менуваме власта, туку да го менуваме системот.
Вака само ќе ги трошиме сите: и револуцииите и фронтмените. А, на крајот како во старите идеологии, револуцијата ќе си ги јаде сопствените деца.
Да, среќна нова… 2019.

loading...