Search
петок 14 декември 2018
  • :
  • :

Aнастасија Петреска се направила како крофна

loading...

Македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски во 2019 година ќе добијат нова животна улога- ќе станат родители.

Младата пејачка и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески не е од оние јавни личности кои практикуваат да ја сервираат приватноста на социјалните мрежи, но затоа нејзиниот сопруг, пејачот на групата „Биоритам“, Владимир, понекогаш знае да открие дел од нивното секојдневние кое не е поврзано со музиката и настапите.

Од неодамна открија дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член, но идната мама засега не објавила ниедна фотографија со трудничкото стомаче.

Затоа Владимир покажа како го користат времето додека бебенцето не пристигнало во домот. Познато е дека се големи гурмани кои сакаат често да се насладуваат во ресторани, а сега како расте апетитот како и кај секоја трудница, тие дополнително уживаат во гурманските специјалитети, особено скарата.

Од приложеното може да се забележи дека пејачката изгледа пополнето, но свеѓжо и со блескаво лице без шминка.

-Максимално го користиме времето пред… дополни Владимир со симболи од бремена жена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Petreska (@anastasija.petreska) on 

Инаку, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија.

loading...