Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

Алексеј Стојларов- Лексус: Се уморивме од разговорите со Заев ни стана здодевен

Новинарот Фуркан Салиу на телевизија „Клан Македонија“ направи интервју со еден од дуото руски комичари Вова и Лексус, односно со Алексеј Стојларов. Тој во интервјуто вели дека претходно на истиот начин се шегувале со хрватскиот премиер, црногорскиот премиер, како и премиерот на Косово.

На прашањето зошто го одбрале Заев, Алексеј вели дека идејата се појавила по неговите изјави дека Русија се обидува да ја спречи Македонија да стане членка на НАТО и дека Русија се обидела да организира протести минатата година.

-За нас Зоран Заев беше непознат пред да го видиме во нашите вести. Ние ги избираме жртвите според нивната популарност. Гледаме дека некој светски лидер кажува нешто и го избираме само поради тоа, се обидуваме да го исконтактираме и да се шегуваме со него – наведува тој.

Алексеј одговара и зошто одлучиле да го споделат видеото сега.

-Мислиме дека нема да добиваме интересни работи од него и умopни сме од разговорите со него. Така што немаше специјален датум кога требаше да го споделиме видеото. Се е случајно. Така што имаме многу различни материјали со различни светски лидери, па нашата одлука да го постираме денес видеото беше случајна – вели тој.

Тој тврди дека пранкот го сториле само поради забава и дека се работи за шега, но и дека биле заинтересирано што мисли Заев за Русија.

-Ние побаравме од него да ни каже дали мисли дека Русија се вmeшала во внатрешните работи на Македонија и што би сакале да направите со референдумот, како ќе ги броите гласовите, што ќе се случи на референдумот. Но тој почна да разговара со нас многу искрено и направи многу нешта кои ние не ги побаравме од него – додава тој.

loading...