Search
петок 13 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

1ТВ СЕ СОМНЕВА ВО СНИМКАТА, НОРМАЛНО Е ДЕ ПА НА БОКИ Е ТВ

Италијански весник објави видео снимка за случајот „Рекет“

Италијанскиот весник ЛаВерита од Милано на својата веб страница објави видео снимка која се поврзува со случајот „Рекет“. Водејќи се од начелата на редовно информирање 1тв.мк го објавува видео записот кој отвора и прашање, како и зошто вакви материјали кои евентуално би требале да послужат како доказ за обвинение од ОЈО, и се релевантни, би протекле од архивите на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Снимката освен банкноти од евра и запис како заедно Јовановски и Кичеец  ја напуштаат куќата на осомничениот во случајот „Империја“, го нема документирано клучниот момент на наводното предавање на пари. Исто така симптоматично е тоа што парите се снимани со телефонска камера каде што не стои дата и саат, не се евидентирани ликовите на оние кои што ги бројат парите, за разлика од вториот дел каде што од приватните камери на осомничениот во „Империја“ се гледа напуштањето на куќата а во нив има саатница и датум.

Не е познато од каде италијанскиот весник ја добил снимката. Македонските власти досега не се огласија со реакција за случајот.

Од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, кое го води предметот „Рекет“, не прецизираат дали им е позната и дали ја имаат како доказен материјал видео снимката што денеска ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“, на која се снимени Бојан Јовановски – Боки 13 и Орце Камчев.

„Сите докази кои Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ги поседува во предметот за кој покажувате интерес ќе ги презентира пред надлежен суд при евентуална судска постапка. Предметот е во фаза на истрага во која во континуитет се работи на обезбедување на сите докази“, изјавиле за МИА од Обвинителството.

 

loading...